Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Главниот обвинител на Словенија поднесе оставка поради возење под дејство на алкохол

– Главниот државен обвинител на Словенија Драго Шкета поднесе оставка два дена откако беше запрен од полицијата и казнет поради возење под дејство на алкохол, објави словенечкиот сајт „Словенија тајмс“.

Шкета го призна прекршувањето и се извини.

Тој вчера на новинарите им кажа дека во саботата вечерта излегувал од својот автомобил од приватна забава, кога во близина на Марибор бил запрен од полицијата и бил алкотестиран.

Законската граница на алкохол за возење во Словенија е до 0,24 милиграми алкохол на литар издишен воздух. Шкета рече дека неговиот допинг тест покажал 0,37 милиграми.

Тој за состојбата во саботата го информираше министерот за правда, а вчера претпладне поднесе оставка до Државниот обвинител, до претседателот на Собранието и до министерот за правда.

Шкета рече дека понудил оставка бидејќи секогаш се залагал за висок морал кај државните службеници. – Дадов оставка затоа што сметам дека моите постапки можат да му наштетат на доброто име на обвинителството и државните обвинители, рече тој.

Шкета, кој најголемиот дел од својата кариера ја помина во обвинителството, е главен обвинител на Словенија од 2017 година. а во мај започна нов шестгодишен мандат. Тој беше единствениот кандидат за оваа функција.

Главниот обвинител на Словенија е именуван од Собранието за период од шест години на предлог на Државниот обвинителски совет, по мислење на Владата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен