Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Македонската зелената агенда: Панел на ЦИВИЛ со Маја Морачанин и Тони Поповски

Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира панел дискусија на тема „Македонската зелена агенда: Реалност или тешко остварлива цел?“, на 6 октомври, петок, со почеток во 11 часот.

Учесници на панелот се Маја Морачанин, претседателка на ДОМ и пратеничка и Тони Поповски,  архитект, екологист, политиколог, независен консултант и колумнист.

Зелената агенда, еколошките прашања и одржливиот развој се неизоставен дел од политичките програми и дел од пи-арот на институциите на државно и локално ниво, како и на пошироката јавност, но и медиумите, граѓанското општество, па и академската фела. Пост-ковид периодот, економската криза, руската агресија врз Украина, но и чекорите кон ЕУ, ги отворија вратите, не само за креирање стратегии, туку и во инвестирање и имплементирање на проекти што ќе придонесат кон зелената транзиција на земјата.

Но, колку всушност е реална зелената агенда на Северна Македонија, дали се поседува институционално и системско знаење што претставува Зелената агенда, кои се перспективите, а кои предизвиците во нејзино спроведување, постои ли политички консензус околу зелените прашања, се отворени теми и прашања на кои ќе говорат учесниците на панелот.

Панелот ќе се пренесува во живо на Фејсбук страницата на Зелен ЦИВИЛ и на Јутуб каналот на ЦИВИЛ.

Панел –дискусијата е дел од  проектот „Зелен форум“  што Зелен ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.

Зачлени се на нашиот е-билтен