Композиторот Љупчо Константинов е добитник на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста за 2023 година, соопшти Министерството за култура во име на Одборот за доделување на државната награда ”11 Октомври“.
Државната награда,,11 Октомври“ е највисоко признание за животно дело кое им се доделува на истакнати личности во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Северна Македонија
Наградата на Љупчо Константинов и на другите добитници на државното признание ќе им биде врачена на 11 Октомври 2023 година (среда) во 12часот во Собранието на Република Северна Македонија.