Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицотакис во работна посета на Берлин

– Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска е во работна посета на Берлин каде што ќе се сретне со лидерот на опозициската ЦДУ Фридрих Мерц, а утре ќе разговара со германскиот канцелар Олаф Шолц, јави дописничката на МИА од Атина.

Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите рече дека на агендата разговори на Мицотакис и Шолц ќе бидат сите актуелни прашања, а посетата на Берлин е во период кога „грчката економија го врати инвестицискиот степен и на тој начин премина во нова ера“, а во исто време забележа „најголемо намалување на долгот во светот во 2022 година пропорционално на БДП“.

– Високо на агендата разговори ќе бидат прашањата за енергетиката, миграцијата и климатската криза. Веќе во рамките на преговорите за Повеќегодишната финансиска рамка на Европската унија, Грција бара повеќе ресурси за справување со овие прашања. Исто така ќе се разговара и за регионалните и меѓународните случувања со акцент на состојбите на Блискиот Исток и Источниот Медитеран, Западен Балкан, како и за најновите случувања во Украина, рече Маринакис.

Зачлени се на нашиот е-билтен