Српскиот Парламент денеска соопшти дека е формиран Надзорен одбор за изборната кампања, што ќе го надгледува делувањето на политичките партии, подносителите на пријавените избирачки листи, кандидатите за пратеници и јавните медиумски сервиси пред изборите на 17 декември, јави Бета.
„Надзорниот одбор за изборната кампања апелира до сите учесници во изборниот процес на цивилизиран, пристоен и достоинствен начин да го претстават плурализмот на политичките идеи за кои се залагаат. Толерантен политички тон на кампањата може само да придонесе за стабилноста на општеството и развојот на плурализмот и социјалната солидарност“, се наведува во соопштението.
Изборната кампања за парламентарните избори во Србија трае до 14 декември на полноќ.
„Надзорниот одбор за изборната кампања од своја страна со своето проактивно однесување ќе се залага да придонесе за почитување на пропишаните надлежности во насока на подобрување на изборниот процес“, се додава во соопштението.