Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Црногорската царина спречи шверц на 18 килограми кокаин, уапсен албански државјанин

 Службениците на црногорската царина и гранична полиција, на преминот Дебел Брег спречија шверц на 18 килограми кокаин, откриени во возило на албански државјанин.

Дрогата е откриена во возило со француски регистарски таблички, управувано од државјанин на Албанија, кој е лишен од слобода.

Црногорските царински службеници, во средината на септември, на граничниот премин Божај-Хан Хоти, спречи шверц на околу 500 килограми марихуана, чија крајна дестинација требало да биде Австрија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен