Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ковачевски: Против европското интегрирање се истите тие што го кочеа и членството во НАТО

„Зачленување во ЕУ значи повисок животен стандард, економски просперитет, подобра социјална правда и врвно владеење на демократија и владеење на правото. Кој е тој којшто го кочи тој пат на европското интегрирање на државата? Тоа се истите тие кои кочеа зачленувањето на државата во НАТО“, истакна премиерот Димитар Ковачевски во вестите на Канал 5.

Тој додаде дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ 11 години не направи ниту еден исчекор, ниту една одлука за зачленување ов НАТО и ЕУ.

„Секогаш одлагаа, секогаш ги одложуваа за да на крај имаме потешки и полоши решенија, тука пред се мислам на договорот со Грција. И денес е исто. Уставните измени се блокирани од страна на ВМРО – ДПМНЕ. Одговорноста има име и презиме, тоа е ВМРО – ДПМНЕ и нивното раководство коешто противи на продолжување на евроинтеграцискиот пат на државата“, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека опозициската партија тоа го прави од политички причини и играње на емоциите на граѓаните преку воспоставување реторика која води кон минатото, а не кон иднината.

„Ние како коалиција сме решени овој процес да продолжи и сметам дека ќе дојде денот кога сите пратеници ќе сфатат дека нема алтернатива и дека единствен начин за напредок и на државата е зачленување во ЕУ. Како изледа чекање ние најдобро сме виделе“, нагласи Ковачевски.

Зачлени се на нашиот е-билтен