Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албански медиуми: Албанската опозиција продолжува со протести во собранието; Столтенберг во Косово; како се присвоија милиони евра за инцинераторот во Тирана?

Во Албанскиот парламент опозицијата продолжува со немири во знак на протест против  одбивањето на мнозинството да формира истражни комисии додека албанскиот премиер Еди Рама денеска најави седница за усвојување на државниот буџет за 2024 година.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг  во рамки на турнејата на земјите од Балканот, денеска престојува во Косово.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ- Прес.

АЛБАНИЈА

Сури нет: Опозицијата  протестира, Рама ги собира социјалистите во Собранието за да го изгласаат Буџетот за 2024 година

Додека пратениците од опозицијата во Собранието го продолжуваат протестот против одбивањето на мнозинството да формира истражни комисии, право што произлегува од Уставот, премиерот Еди Рама и пратеничката група на Социјалистичката партија ќе се сретнат во Собранието во 10 часот да го одобри државниот буџет за 2024 година, еден од најважните закони во Албанија, пренесе Сури нет.

Шќип: Бериша повторно го одбива ЃККО, на суд одат само неговите  адвокати

Во Специјалниот суд за корупција и организиран криминал пристигнаа адвокатите на поранешниот премиер Сали Бериша.

Во Апелација  на ЃККО денеска се одржува рочиштето за поранешниот премиер и неговиот зет Јамарбер Малтези за случајот „Партизани“.

Сали Бериша и Јамарбер Малтези ја обжалија одлуката на ЃККО со која се оставени на сила безбедносните мерки против нив за случајот Партизани, пренесе албанскиот портал Шќип.

Јава Њуз: Пирамидата во Тирана: Некогаш музеј за Енвер Хоџа, денес технолошки центар

Некогаш музеј посветен на албанскиот диктатор Енвер Хоџа, Пирамидата во Тирана сега се претвори во технолошки центар и важна туристичка атракција во Албанија.

Пирамидата стана дел од вечерната прошетка на граѓаните на Тирана, од амбициите на младите да станат дел од тамошниот технолошки центар, како и дестинација на странските туристи кои сакаат одблиску да видат како симбол на минатото.

Трансформацијата на Пирамидата чинеше 22 милиони долари. Интервенциите во неговата внатрешна и надворешна структура беа извршени без да се влијае на нејзината оригинална архитектура, пишува Јава Њуз.

КОСОВО

Сури нет Косова: Столтенберг на посета во  Косово во време на тензии и предупредувања за можни конфликти

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска  ноември престојува во Косово, во рамки на турнејата во повеќе држави од регионот, каде шефот на западната воена алијанса ќе оствари средби со шефовите на држави.

Според агендата, во Косово шефот на НАТО ќе се сретне со претседателката Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и со командантот на мировната мисија на алијансата на Косово, КФОР, Озкан Улуташ, пренесе Сури нет Косова.

Газета Блиц: Едно лице е уапсено во Брњак, нападнал полициски службеници

Едно лице е уапсено во Зубин Поток селото  Брњак, откако одбил да ги приложи документите за идентификација и сообраќајната дозвола, обидувајќи се да замине со автомобил, а потоа при приведувањето, тој  физички ги нападнал полициските службеници, пренесува Газета Блиц.

КОЛУМНА

Сури нет: Како се присвоија милиони евра за договорот за инсинераторот  во Тирана?

Разрешени се мистериите на акционерите на офшор компанијата Geogenix. Клодијан Зото и Мирел Мертири се вистинските сопственици на инсинераторот во Тирана. Од почетокот на реализацијата на договорот и до моментот на заплена, државата за концесијата платила 56,2 милиони евра.

Од нив, 39,2 милиони евра користеле фирми поврзани со двоецот Зото-Мертири, „ИТС“, „Зото консалтинг“ и фиктивните фирми што биле отворени на име на некои лица чиј идентитет е украден, пишува авторката Ола Ѕама во колумната Како се присвоија милиони евра за договорот за инцинераторот  во Тирана?, објавена во Сури нет.

Подготви: Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново