Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албански медиуми: Курти побара од ОБСЕ на косовските срби да им се овозможи гласање во Србија; за 10 месеци нападнати 120 полицајци во Косово; продолжува судскиот процес против Пјетер Шала

Од Мисијата на ОБСЕ на Косово соопштија дека го добиле писмото од премиерот Албин Курти, преку кое тој ја изразува потребата од специјален договор за да им се овозможи на косовските Срби да го остварат своето право на глас на српските избори, кои се очекува да се одржат на 17 декември. Во Косово, за десет месеци се извршиле напади врз 120 полицајци, според статистичките податоци на косовската полиција.

Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-Прес. Во продолжение се темите од денешниот избор.

Зери: ОБСЕ го прифати писмото на Курти за српските избори во Косово, мисијата бара безбедна средина за собирање гласови

Мисијата на ОБСЕ на Косово соопшти дека го добила писмото од премиерот Албин Курти, преку кое тој ја изразува потребата од специјален договор за да им се овозможи на косовските Срби да го остварат своето право на глас на српските избори, кои се очекува да се одржат на 17 декември.

Во писмото испратено до шефот на мисијата на ОБСЕ на Косово, Мајкл Девенпорт, Курти нагласи дека секој договор што ќе им овозможи на косовските Срби да гласаат мора да дојде од Србија и целосно да ги почитува суверенитетот и независноста на Косово.

Мисијата на ОБСЕ најави дека останува подготвена да го поддржи собирањето гласови, како што тоа го правеше и во претходните случаи, пренесе Зери.

Газета Експрес: За 10 месеци се нападнати 120 полицајци, се бараат строги казни и здравствено осигурување

Од јануари до октомври годинава се извршени вкупно 120 случаи на напади врз полицајци, покажуваат статистичките податоци на косовската полиција.

И покрај опасната работа, тие  немаат ниту здравствено осигурување. Експертот за безбедност Арбен Дашевци, побара да се заострат казните за оние што ги напаѓаат полицајците.

Мерките против оние кои напаѓаат полицајци да бидат построги, вели тој, пренесе Газета Експрес.

Инсајдери: Продолжува судскиот процес против Пјетер Шала

Во Специјализираните совети во Хаг денеска продолжува судскиот процес против поранешниот припадник на ОВК, Пјетер Шала.

За судскиот случај „Шала“ неделава се очекува да се одржат пет рочишта. Тој е во притворот во Хаг од март 2021 година, пренесе Инсајдери.

Газета 10: Бањска била главна тема на средбата Столтенберг-Вучиќ

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека во вторникот наутро разговарал со претседателот на Србија, Александар Вучиќ за неодамнешните тензии на северот на Косово. Ова е и за вооружениот напад што се случи врз косовската полиција на 24 септември во Бањска во Звечан, каде беше убиен наредникот Африм Буњаку, пренесе Газета 10.

АЛБАНИЈА

Топ Чанел: Јамарбер Малтези пуштен од затвор, апелација го остава во домашен притвор,  Нема промена на мерката за Бериша

Специјалниот апелационен суд за корупција и организиран криминал одлучи да го ослободи Јамарбер Малтези од затвор, со што мерката од „затворски притвор“ се намали на „куќен притвор“.

Додека за поранешниот премиер Сали Бериша нема промена на мерката, пренесува Топ Чанел.

КОЛУМНА

Бота Сот: Моќни криминални мрежи поврзани со политиката

Во отсуство на пристојна правна држава, на неефикасно функционирање на правосудните институции, политичките аналитичари оценуваат дека Косово како нова држава е дојдено до ситуација да биде фатено од организиран криминал и корупција, пишува косовскиот автор, мр. Али Хертица .

Тој се осврнува на криминалните структури  кои ги поврзува со дел бизнисмените, како што ги нарекува олигарси мафијаши, преку кои се перат пари и се купува политичко влијание.

„Така што и најпримитивните и најнасилните криминални структури претворени во комплицирани организации, кои инвестираат во „легитимните“ бизниси на мафијаши-олигарсите, преку кои перат пари, како во Косово, така и во ФИСКАЛНИОТ РАЈ, како и во промоција на луѓе во нивна близина во политиката.“, пишува Хертица во колумната Моќни криминални мрежи поврзани со политиката, објавена во Бота Сот.

Подготви: Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново