Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

По тврдењето дека во РС има „руски паравоени кампови“, побаран итен состанок со Разузнавачко-безбедносната агенција на БиХ

Министерот за одбрана на БиХ Зукан Хелез изјави дека на територијата на Република Српска има „воени кампови за обука на паравоени формации“ и дека ги водат „некои луѓе од Русија“.

– Тие се лоцирани, ги следиме и лесно можеме да ги елиминираме, изјави Хелез за регионалната ТВ Н1, посочувајќи дека вежбите што се изведуваат таму се „полулегални“, а бројот на учесници варира.

„Не е секој ден – се појавуваат, а потоа исчезнуваат. Тие вежбаат со оружје, а знаеме од каде го добиле. Се става под некаков облик за да бидат легални, како дел од МВР на РС, потоа се појавува во друга форма и се додека не е опасно за државата, нема реакција“, рече Хелез.

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина нагласи дека за ова биле информирани и „луѓе од меѓународната заедница“.

По повод наводите на Хелез, министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ Сташа Кошарац побара од претседавачот на Советот на министри на БиХ Борјана Кришто што поскоро да свика итен состанок на Извршниот разузнавачки комитет. 

– Барам итен состанок за заедно со раководството на Агенцијата за разузнавање и безбедност на БиХ (ОБА) да ја утврдиме вистинитоста на наводите на министерот Хелез и да го добиеме официјалниот став на ОБА, рече Кошарац.

Тој додаде дека негово „право и должност“ е да побара целосни информации за наводите на Хелез од надлежните органи.

– Многу е опасно кога министерот за одбрана без никакви докази јавно изнесува вакви тврдења против Република Српска. Тоа може да се окарактеризира како поттикнување национална нетрпеливост и страв. Ваквите постапки воопшто не придонесуваат за стабилизирање на ситуацијата во Босна и Херцеговина, оцени Кошарац. 

Зачлени се на нашиот е-билтен