–Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и специјалниот пратеник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Стјуарт Пич, се состанаа денес во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил „будучностсрбијеав“, разговарале за актуелните настани во Косово и регионот.
-Повторив дека Србија останува посветена на зачувување на мирот и стабилноста во регионот, одговорната политика и исполнувањето на договореното, пред сè, формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО), напиша Вучиќ.
Стјуарт Пич денес ќе се сретне и со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ.
Тој го посети Белград на почетокот на 2023 година, кога оствари средба со државниот врв на Србија.