Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бербок: Германија ќе испрати дополнителни 150 војници во мисијата на НАТО во Косово

– Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска по состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел изјави дека нејзината земја ќе испрати дополнителни 150 војници на Косово.

– На Западен Балкан мирот често виси на конец. Обврските на НАТО и ЕУ одат рака под рака. Мисијата ЕУФОР обезбедува безбедност во Босна и Херцеговина, а НАТО КФОР на Косово. Германија ќе обезбеди до 150 дополнителни војници за КФОР, рече Бербок.

Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел изјави дека Косово и Србија биле теми на разговор на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

Како што пренесува Бета повикувајќи се на приштински медиуми, тој ги повика Косово и Србија да создадат услови за спроведување на договорот.

– Ги повикуваме Косово и Србија да ја зголемат својата волја да се договорат за нивниот европски пат, рече Борел.

Според него, соработката на ЕУ и НАТО на Косово е од витално значење за ситуацијата на северот на Косово. Борел додаде дека ќе продолжат да обезбедуваат стабилност во овој дел на Косово и на административната линија со Србија.

Зачлени се на нашиот е-билтен