Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Швајцарија соопшти дека била нападната од проруски хакери по посетата на Зеленски

 Швајцарската Влада соопшти дека неколку нејзини веб-страници биле нападнати денеска од проруската хакерска група NoName.

Хакерите ја презедоа одговорноста за нападот, наведувајќи ја посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Швајцарија и неговото учество на Светскиот економски форум во Давос како причина за нивните акции, се вели во соопштението на швајцарската Федерална канцеларија за кибер безбедност.

„Неколку веб-страници на федералната влада станаа привремено недостапни“, се вели во соопштението.

Службата за кибер безбедност истакна дека очекувала ваков напад пред посетата на украинскиот лидер и дека биле преземени неопходните безбедносни мерки.

Кибер нападот бил забележан брзо, што овозможило да се преземат мерки за враќање на пристапот до погодените сајтови, меѓу кои се и сајтовите на неколку министерства, објаснуваат од службата.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново