Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ахмети: Бујар Османи е кандидат за претседател на ДУИ и уставни измени за избор на претседател во Собранието

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети во видео обраќање од седиштето на партијата во Мала Речица ги повика граѓаните да се обедини за најважниот референдум во ова време: „НЕ за Русија, ДА за Европа“ и да се избере претседател и потпретседател со 2/3 мнозинство од гласовите и со Бадентерово двојно мнозинство во Собранието.

Според Ахмети, отворањето на Уставот за прашањето за претседателот ќе овозможи реализација на договорот за добрососедство и продолжување на евроинтеграциите.

– Изборите кои се пред нас, парламентарните и претседателските, се од одлучувачка важност во ова битка. Затоа на овие избори одлучивме да побараме од Вас да останеме заедно, да се построите со нас за реализација на нашето барање (од 2016 и 2020) за уставни измена и избор на Претседателот и Заменик Претседател на државата во Собрание, вклучување на бугарската и другите заедници во Уставот и да и кажеме одлучно НЕ на Русија, и ДА на Европа. Пред Вас, давам одлучен завет дека ние нема да бидеме дел од ниту една влада која нема да го промени Уставот и ќе одиме во опозиција за да се бориме и да ги победиме екзистенцијалните закани за нашата земја, порача Ахмети. 

Ахмети, исто така, информираше дека Бујар Османи, актуелниот министер за надворешни работи ќе биде кандидат за претседател од ДУИ. 

– Бујар да ја води оваа промена што ја бараме и во нашите програми за 2016 и 2020 година. Бујар се докажа на внатрешна и меѓународна сцена и придонесе во битката против Русија и беше дел од промената на Уставот и почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Со Бујар го започнуваме најважниот референдум на нашето време и следната битка за да ја добиеме Вашата доверба за да го избереме Претседателот во Собрание со двотретиско мнозинство и со Бадинтерово мнозинство, за да ја оствариме нашата визија за Консенсуален Претседател, рече Ахмети.

Зачлени се на нашиот е-билтен