СКРМ во 10:00 протестира пред Уставен:„Културата има права“

македонски

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) ги повика вработените во културата денеска, 27 ноември, во 10 часот да излезат на протест пред Уставниот суд. Протестот е најавен додека Судот треба да одлучува за уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура.

„Културата има права! Правата не се укинуваат!“, порача СКРМ во повикот за протест. Од синдикатот велат дека од опстојувањето на договорот зависат платите и другите стекнати права на повеќе од две илјади вработени во 123 културни установи.

СКРМ бара Судот да го одложи одлучувањето и да закаже јавна расправа на која синдикатот, како потписник на договорот, ќе може да ги изложи своите аргументи. Седницата е закажана за 9:30 часот, половина час пред протестот. Уставниот суд соопшти дека предметот, во кој е оспорен и членот 78-љ од Законот за културата, е во фаза на гласање.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?