Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Зошто, според Курти, Борел ја избрал Северна Македонија за следниот состанок на дијалогот Косово-Србија

Косовскиот премиер Албин Курти за време на Економскиот форум во Скопје зборуваше зошто мисли дека шефот на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, ја избрал Северна Македонија како локација за следната средба на високо ниво меѓу Косово и Србија.

Курти рече дека веруваа дека изборот на Борел е затоа што Скопје е најголемиот град најблиску до Приштина, но и затоа Северна Македонија има големо влијание врз целиот регион.

„Северна Македонија, додаде тој, е земја која напредува во однос на демократијата, правото и европската интеграција, а во 1999 година во Куманово е потпишан и Кумановскиот договор, по кој следеше влезот на НАТО на Косово“.

Според него, овие симболични елементи придонеле за Борел следната средба за дијалогот да ја закаже токму во Скопје.

Иванов: Чест е што Курти и Вучиќ ја избраа Македонија за земја домаќин

Новинарот, воедно и политички аналитичар Зоран Иванов за ЦИВИЛ Медиа истакна дека треба да бидеме горди што Македонија е избрана за место на средбата, со што докажуваат дека имаат верба во заедничкиот сосед.

„Треба да ни биде чест што Вучиќ и Курти ја одбраа Македонија за средба. Со тоа, на некој начин, тие праќаат порака дека имаат доверба во својот заеднички сосед. Второ  потврдуваат дека Македонија како држава членка на НАТО е и партнер кој со својата политика нуди и безбедност во регионов“, рече Иванов.

Н. Абдурармани (Цивил Медиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен