Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Премиерката на Данска Фредериксен: ЕУ мора да ја засили внатрешната соработка и да се проширува

„Мора да инвестираме повеќе во одбраната и да преземеме одговорност. Со две војни блиску до нас и глобална трка за технологија, како европјни мора да направиме повеќе. Мора да ја засилиме нашата соработка, внатрешно во ЕУ и мора да растеме. Проширувањето не е само за Европа, туку е и поради политичката ситуација“, рече данската премиерка Мете Фредериксен на изборниот конгрес на Партијата на европски социјалисти.

Таа додаде дека потребни се посилни партнерства со партнерите низ целиот свет и Европа обединето да игра конструктивна и амбициозна улога.

„Европа, сите ние, се соочуваме со важни предизвици кои може да се решат само доколку ги здружиме силите. Климатската криза повикува на итна зелена транзиција. Но, само ние може да понудиме реални решенија, без да оставиме некој. Да запомнеме дека транзицијата не е наша главна цел, туку праведната транзиција“, истакна Фредериксен.

Таа додаде дека на престојните европски избори Европските социјалисти мора да понудат прогресивни и фер решенија за главните предизвици и да имаме посилна и пообединета Европа.

Зачлени се на нашиот е-билтен