Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Забрчанец: Културните заедници пред изборите да побараат од партиите да изложат концепти за културата, за јавните простори и за Скопје 2028 како европска културна престолнина

Доколку градот одбива да понуди концепт, тогаш културните заедници, архитектите, културњаците, културните работници мора да бараат од партиите да бидат имплементирани, инкорпорирани нивните идеи за „Скопје 2028“ доколку истите постојат, особено сега пред изборите, ако не постојат треба да бидат создадени и да бидат наметнати пред јавноста така што мислам дека тука имаме огромна шанса пред нас, да бидеме будни и да не дозволиме оваа шанса да се претвори во нова пропаст, рече во своето излагање Марјан Забрчанец, националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи на конференцијата „АНТИКВИЗАЦИСКА ПРОПАГАНДА“, во рамките на изложбата „Станица Пропаганда“

-„Скопје Град на културата 2028“ не е само локално прашање, не е ни национално, би рекол дека е над-национално, балканско прашање, а сега станува и европско прашање и затоа учесниците на овие избори мора да одговорат на ова прашање кој е нивниот план, програма, концепт додаде тој.

Забрчанец се осврна и на проектот „ Скопје 2014“ оценувајќи го како физичка узурпација на градот и посочи дека во изминатиот период недостасуваше концептуална стратегија за справување со проектот но истакна дека има неколку жарчиња во ова време последно од шест години кој што можат да бидат земени како пример и кои што може да се користат како инспирација.

-Во изминативе шест години ако нешто е видливо и го почувстувавме сите и тоа е одговор на тоа прашање што понуди сегашната власт, тоа е слободата. Ако Скопје 2014 беше узурпација, ние денес имаме барем мисловна слобода. Едното жарче е и отстанувањето на оградата околу Владата, иако сум свесен дека често знае да има таму огради од полиција од безбедносни причини меѓутоа ова е еден симбол, чин, еден став на носење одлуки и преземање на дело конкретно со цел отстранување на некакви барикади, односно ослободување на јавниот простор каде граѓаните слободно можат да се движат, посочи Забрчанец.

Тој додаде и дека жарче светлина кое што треба да инспирира и да биде земено во предвид можеби да се мултиплицира случајот со споменикот на Ќосето кој што гледаме до ден денес се уште го поларизира општеството.

-Ако треба да одговорам на прашањето што треба да е денеска концептот за Скопје, имајќи го погледот напред, ако постземјотресно Скопје донесло концепт на брутализам во архикеноска смисла, а Никола Груевски донесе концепт на некаква антиквизациска пропаганда преку „Скопје 2014“ мислам дека денес ние имаме веќе примери кои што фрлаат еден поглед напред а тоа се не знам зелени површини, мултифункционални простори и енергетски одржливи објекти. Го сметам училиштето Кирил Глигоров во Општина Центар за еден таков енергетски одржлив проект кој што фрла поглед напред, ја сметам реконструкцијата на Универзална за која за среќа продолжува со надеж дека добро ќе заврши со еден модел на мултифункционален модерен објект, го сметам паркот Ибни Пајко за една зелена површина, за едно отворање на површина наместо узурпација, наместо заземање со обејкти за еден поглед напред и тука некаде ја гледам иднината на јавните простори виза ви Скопје 2028, додаде Забрчанец.

Зачлени се на нашиот е-билтен