Министерството за надворешни работи на Киргистан ги советуваше граѓаните на оваа централноазиска земја да ги одложат патувањата во Русија, кои не им се неопходни, откако мигранти од регионот беа посочени како извршители на терористичкиот напад во близина на Москва.
Руски суд вчера му одреди притвор на Киргистанец под обвинение дека ги засолнувал четворицата осомничени таџикистански извршители на нападот во концертната сала во Красногорск минатиот петок. Тој и уште тројца осомничени таџикистански соучесници исто така се во притвор.
Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот, во кој загинаа 139 лица, а 182 беа ранети. п