Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Туск: Почна нова ера на војни во Европа

Премиерот на Полска, Доналд Туск изјави дека руската инвазија врз Украина пред повеќе од две години вовела нова ера на војни во Европа.

– Знам дека звучи депримирачки, особено за помладата генерација, но мораме да се навикнеме на фактот дека почна нова ера: предвоената ера. Не претерувам, секој ден станува се појасно. Не сакам никого да плашам, но војната повеќе не е концепт од минатото. Таа е реална и почна пред повеќе од две години изјави Туск за германскиот весник „Велт“.

Тој додаде дека „во моментот најзагрижувачко е тоа што буквално секое сценарио е можно. Не сме виделе ваква ситуација од 1945 година“.

Туск наведе дека е сведок на револуција во европскиот менталитет.

– Никој повеќе не ја доведува во прашање потребата од заедничка одбрана. Погледнете ја Германија, каде што се случи огромен пресврт. Денес, ЦДУ и ГСДП се натпреваруваат кој од нив е попроукраински, истакна Туск.

Тој повика и на поконзистентна заштита на надворешните граници на ЕУ.

– ЕУ во целина, како моќна организација, мора да биде ментално подготвена да се бори за безбедноста на нашите граници и територија, посочи Туск.

Рано утрово полските и сојузничките авиони беа ставени во состојба на готовност откако Русија изврши ракетни напади врз Украина. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен