Бербок: Германија не може да испрати „Патриот“ во Украина

Германија речиси ги исцрпи своите залихи на системот „Патриот“ и затоа не може да и ги обезбеди на Украина, изјави министерката за надворешни работи Аналена Бербок.

„Сега земјите-партнери смислуваат каде на друго место можат да добијат системи за противвоздушна одбрана за Украина“, рече Бербок.

Според неа, Русија сака да го „бомбардира“ Харков, па затоа партнерите мора да направат повеќе за да ја поддржат Украина.

„За да се види каде системите за противвоздушна одбрана можат брзо да бидат доставени во Украина, потребен е преглед на сите „Патриот“ системи во Европа и светот“, додава шефицата на германската дипломатија. 

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?