Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

МНР на Украина: Окупација на АЕЦ Запорижја од страна на Русија создава невидени закани за нуклеарната безбедност на Европа и светот

Единствен извор на закани за АЕЦ Запорижја беа и останаа незаконските и злосторни дејствија на руските напаѓачи. Русија е единствената држава-терорист во светот која не само што зазема, милитаризираше и се обидува да украде нуклеарна централа, туку ја користи и како платформа за пропаганда. Токму во тој контекст треба да се разгледа и кампањата за дезинформации што ја активираше рускиот режим, соопштуваат од Министерството за надворешни работи на Украина во врска со повторните руски провокации во АЕЦ Запорижја.

Од украинското МНР истакнуваат дека „заземањето, милитаризацијата и тековната окупација на АЕЦ Запорижја од страна на Русија создава невидени закани за нуклеарната безбедност не само на Украина, туку и на целата Европа и светот. За време на нивниот нелегален престој на станицата, руските окупатори грубо го прекршија меѓународното право, како и нормите и стандардите за нуклеарна и радијациона безбедност, вклучително и основните принципи на МААЕ во врска со нуклеарната безбедност и заштитеност“.

„Ние повторно инсистираме дека АЕЦ Запорижја мора да биде вратена под контрола на нејзиниот вистински сопственик, Украина, а Русија мора да да биде изнесена пред лицето на правдата за сите извршени злосторства. Се обраќаме до сите држави и меѓународни организации, експерти и медиуми со повик да заземат цврст став со цел да се неутрализираат заканите за нуклеарната безбедност создадени од Русија во АЕЦ Запорижја и да се спречи агресорот да спроведе злосторни сценарија во иднина. Русија ќе престане со своите манипулации само тогаш кога ќе види дека светската заедница решително ги отфрла сите обиди за заблуда и бескомпромисно го брани почитувањето на меѓународното право. Ги повикуваме сите држави и меѓународни организации кои ги ценат нормите и принципите на нуклеарната безбедност одлучно да ги осудат руските провокации во АЕЦ Запорижја и да се приклучат кон спроведувањето на Формулата за мир на Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, чија една од важните точки е обновување на нуклеарната и радијационата безбедност. Ги повикуваме нашите партнери да го зголемат притисокот врз државата агресор, вклучително санкциониот притисок во областа на нуклеарната енергија, со цел да се спречат понатамошни провокации од страна на Русија во АЕЦ Запорижја и да се олесни ослободувањето на централата“, се наведува во соопштението од МНР на Украина.

ЦивилМедиа,

Зачлени се на нашиот е-билтен