Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Рамазан Бајрам во Појасот Газа под израелски воздушни напади

Палестинците излегоа на улиците на Газа рецитирајќи такбири, славејќи го Бога, за да го одбележат крајот на Рамазан и да го дочекаат Рамазан Бајрам. Прославите се одржуваат во време на израелски воздушни напади, широко распространетото уништување и недостиг на храна додека целосната опсада на Израел на Појасот Газа се протега повеќе од шест месеци.

Како што пренесува Ал Џезеира верниците се собраа на утринската молитва во градот Рафа, на крајниот југ на Појасот. Обединетите нации велат дека многумина нема да можат да го одбележат празникот поради војната и недостигот на храна.

„Ние страдаме на сите фронтови. Луѓето тешко можат да преживеат. Тие едвај можат да ги прехранат своите семејства. Веќе не размислуваме ниту за Бајрам, ниту за прослава или за каква било друга форма на радост“, вели за АЛ Џезеира еден од раселените во Појасот Газа.

Според спасувачите, израелските напади во Газа на крајот на Рамазан предизвикаа тешки цивилни жртви, вклучително и убиство на најмалку четири деца во воздушен напад врз бегалскиот камп Нусејрат.

Бројот на загинатите во израелскиот напад на Појасот Газа достигна 33.482 со 76.049 ранети, соопшти Министерството за здравство на Палестинската територија. Бројот се зголеми откако во последните 24 часа загинаа 122 лица, а 56 беа ранети, соопшти Министерството.

Зачлени се на нашиот е-билтен