Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Што е Евровизија, и каде и кога се одржува финалето во 2024 година?

Една година откако фановите на Евровизија дојдоа во Ливерпул да го гледаат спектакуларниот настан организиран во име на Украина, овогодишниот натпревар се упатува во Шведска.

Учеството на Израел беше критикувано и земјата мораше да го ревидира својот првичен влез, бидејќи ги прекрши правилата за политичка неутралност.

Што е Евровизија и кои земји учествуваат?

Изборот за песна на Евровизија е годишен телевизиски натпревар за песни што го организира Европската радиодифузна унија. На овогодинешниот натпревар ќе земат учество 37 изведувачи избрани од радиодифузерите членки за да ја претставуваат својата земја.

Песните мора да бидат оригинални и не подолги од три минути.

Главните вокали мора да се изведуваат во живо, а на сцената за време на настапот можат да учествуваат најмногу шест пејачи и танчери.

Пејачката Саба ќе ја претставува Данска со песната Sand. Повеќето евровизиски земји се европски, Австралија учествува секоја година откако беше поканета во 2015 година за прославите на 60-годишнината на Евровизија. Сепак, Австралија не може да биде домаќин. Ако некогаш победи, ќе треба да номинира европска нација која ќе го организира натпреварот во нејзино име. На други неевропски земји, вклучително и Израел, дозволено им е да учествуваат бидејќи се членки на ЕБУ. Натпреварот во 2024 година се одржува во Шведска, откако Лорин победи во 2023 година со нејзината песна Tattoo.

Таа стана првата жена што победила на натпреварот двапати, откако триумфираше во 2012 година со Еуфорија.

Малме по трети пат ќе биде домаќин на Евровизија, а седми пат натпреварот се одржува во Шведска. Со оглед дека 2024 година е 50-годишнината од првата победа на шведската група Аба на Евровизија со Ватерло, имаше шпекулации за потенцијалниот ангажман на бендот.

Кога ќе се одржи овогодинешното финале?

Големото финале ќе се одржи во Арената Малме во сабота на 11 мај.

Полуфиналните натпревари ќе се одржат во вторник на 7 и четврток на 9 мај.

Зошто влезот на Израел на Евровизија е контроверзен?

Претставникот на Израел, Еден Голан, ќе ја пее песната наречена „Ураган“ – препишана верзија на оригиналниот запис на земјата, Октомвриски дожд, за кој се сметаше дека се однесува на нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври.

Текстот на израелската песна ја раскажува приказната за една жена која доживува лична криза, според израелскиот јавен радиодифузер Кан. Кан првично рече дека ќе се повлече од натпреварот наместо да ги менува стиховите.Но, откако организаторите ја забранија песната поради нејзината политичка содржина, претседателот на земјата, Исак Херцог, повика на „неопходни прилагодувања“ за да се осигура дека Израел може да се натпреварува.

Воедно, музичари и организации од голем број земји учеснички повикаа Израел да биде суспендиран поради војната во Газа.

Како функционира гласањето?

Полуфиналето функционира на принцип на гласови од публиката и луѓето од остатокот од светот.

М. Пешевска

Извор: Би-Би-Си

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново