Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Француската Влада го претстави нацрт-законот за асистирана смрт

Француската Влада го претстави нацрт-законот за асистирана смрт, кој ќе им овозможи на пациентите со терминална болест да одлучат да стават крај на својот живот.

На почетокот на март, францускиот претседател Емануел Макрон објави дека се подготвува закон со „француски стил“, со строги услови кои мора да се исполнат. Тој рече и дека не сака да ги користи термините потпомогнато самоубиство или евтаназија.

Француската министерка за здравство Кетрин Вотрен изјави дека нацрт-законот предвидува воведување „помош при умирање“ под одредени услови за пациентите на крајот од животот кои се погодени од „физичко или ментално страдање“ како резултат на нивната болест“.

Пациентот мора да има најмалку 18 години, да има француско државјанство или легално да живее во Франција, а прогнозата мора да биде термална на краток или среден рок.

Вотрен истакна два состојби опишани како „столбови“ – првата е дека пациентот мора да биде целосно разумен, што ги исклучува пациентите со Алцхајмерова болест, за разлика од Белгија.

Вториот столб е дека лекар кој не го познава пациентот мора да го прогласи за „подобен“.

Во тој случај, пациентите можат да си ја инјектираат смртоносната доза. Доколку пациентите поради болест не можат да го направат тоа, тие можат да назначат трето лице да ја спроведе постапката.

Зачлени се на нашиот е-билтен