Израелската телевизија Канал 12, без да наведе никакви извори, јави дека Израел почнал да пресретнува ирански дронови над Сирија и Јордан.
„Способноста да се направи тоа е благодарение на воздушниот чадор поставен од САД во соработка со регионалните сојузници“, пренесе Тајмс оф Израел.
Во меѓувреме, иранскиот министер за одбрана издаде изјава во која ги предупреди соседните земји дека секоја од нив што ќе го отвори својот воздушен простор за Израел со цел да ги пресретне беспилотните летала ќе биде цел.