Да се донесе Европа дома, во родното место е врв на европскиот и модерниот патриотизам. Да се има визија и да се обезбедат крупни проекти и крупни инвстиции незапамтени досега. За младите, за студентите, за учениците, за жените , за стопанственциите,за работниците, за пензионерите ,за тие што не подржуваат и за тие што гласаат за нас но и за тие што не гласаа за нас , тие за кои гласааат и за нашите политички конкуренти. За тие кои што не фалат но и за сите тие кои што не клитикуваат, за сите без оглед кој е и каков е.
И нив треба да ги повторуваме за да не ги забораваме , за да не заборавиме каде бевме пред 7 години и како ни беше . Донесовме заедно и слобода и демокртија. Го стопиравме Скопје 2014, започнавме со концептот парите да ги враќаме назад кај граѓаните. Се боревме со КОРОНАТА, се боревме со неколку други кризи, енергетска, ценовна , инфлаторна, но обезбедивме и 2,6 милијарди евра наместо за споменици да одат кон помош кон граѓаните и кон фирмите.
Спасивме 80 илјади работни места ,помогнавме на 20 илјади фирми ,и помогнавме над 600 илјади фамилии. Ја зголемивме за 3 пати минималната плата, од 8.000 па на 3 пати се зголеми за само неколку години, за 2 пати се зголеми просечната плата. Кога велевме дека ќе биде 500 евра голем дел критикуваа или не веруваа. Денеска за помалку од 4 години го надминавме тоа и имавме 650 евра просечна плата.
Даваме гаранција европската иднина да стане реалност во следниот 4 годишен мандат. Европската индина значи повеќе пари за сите граѓани. Гарантираме минимална плата од 600 евра ,просечна плата од 1.100 евра и минимална плата од 800 евра и просечна плата од 1300 евра на денот на влез во Европската Унија. А ние, СДСМ и коалицијата за европска иднина, заедно со сите други парламентарни демократски и прогресивни политички структури, кои што ќе бидат дел од македонското собрание ќе го обезбедиме и мнозинството, ќе ги обезбедиме и овие плати и овие пензии, ќе го обезбедиме и членството во унијата во 2030 година.
Затоа нема откажување од европската иднина, на 24ти и на 8ми гласаме за број 1 и ја обезбедуваме иднината на сите генерации, истакна Љупчо Николовски коносител во ИЕ 3 на Коалицијата за европска иднина на граѓанската промоција која вчера се одржа во Крива Паланка.