Македонката Дуња Иванова од клубот Енерџи победи на маратонот во планински велосипедизам кој се одржа викендот на Стара планина, Србија.
Овој натпревар беше дел од календарот на Светската велосипедска федерација – УЦИ.
– Нешто повеќе од 60 км и висинска разлика од речиси 2.400 метри беше предизвик за сениорската конкуренција во екстремно суви услови и брутални искачувања. Со вкупно време од 5 часа и 9 минути, Иванова го заслужи златото и дополнителни 60 УЦИ поени, соопштија од Велосипедската федерација на Македонија
Второпласирана беше Бојана Јовановиќ од Србија, а за третата позиција се избори Асја Борисова од Бугарија.
Во машката конкуренција, на победничкиот подиум се искачија Мартин Фреј од Германија, Милан Нешиќ и Алекса Рајковиќ од Србија.
MИА