Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тоне цената на нафтата ќе поевтинат ли и домашните горива?

Цената на нафтата „брент“ падна под 73 долари за барел за прв пат од декември минатата година, што многу веројатно може да предизвика пад на цената на горивата.

Експертите сметаат дека сегашниот пад на цената на нафтата може да се толкува како последица на најавите дека Либија би можела да ги реши проблемите што неодамна доведоа до прекин на снабдувањето на пазарот на нафта од таа земја, како и најавата на ОПЕК дека групацијата е подготвена да го зголеми производството на „црното злато“ во наредните недели.

На лондонската берза цената на ноемвриските фјучерси на Брент вчера наутро падна на 72,96 долари за барел. Во текот на денот цената се движеше и порасна на 73,32 долари за барел околу 17 часот.

Исто така, на намалувањето на цената на нафтата влијаеа и нешто послабите економски активности во Соединетите Американски Држави и Кина.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново