Синоќа во 21.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „БМВ” управувано од Б.Х.(54) од Гостивар и товарно возило „сканија” управувано од А.Т.(60) од Косово.
Во несреќата, од здобиените повреди возачот Б.Х. починал на местото на настанот, додека сопатникот Т.Р.(53) од Гостивар бил пренесен во Ургентен центар во Гостивар, каде подоцна починал.
Возачот на товарното возило се здобил со телесни повреди.
Увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител, по чија наредба полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода возачот А.Т.(60) од Косово.
Против возачот на „сканијата“ е поднесена кривична пријава по брза постапка и ќе биде изведен пред надлежен суд.