Сиљановска – Давкова пристигна на „Дондуков“2, Радев можно е да не присуствува на оперскиот спектакл „Набуко“

Како што пренесува агенцијата БГНЕС, претседателката на Република Северна Македонија Гордана Сиљановска-Давкова пристигна на „Дондуков“ 2 на средба со шефот на државата Румен Радев, а средбата започна неколку минути пред 15 часот, според локално време.

Не се планирани изјави меѓу двајцата, но претседателот Радев претходно денеска зборуваше за посетата на Сиљановска – Давкова на Софија и посочи дека никогаш не одбил средба со странски претседател кој ја посети Бугарија, без оглед на приликата.

-Со овој дијалог треба да се решат отворените прашања меѓу нас, а тие да се решат врз основа на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, протоколите потпишани кон него и Заклучоците на Европскиот совет од летото 2022 година, донесена едногласно од сите земји-членки на ЕУ, донесена и со согласност на РСМ, за конечно да се отвори патот на нашиот сосед кон целосна европска интеграција во интерес на тамошните млади, а тоа ќе биде јасен знак за целиот регион, изјави Радев на бугарските новинари на аеромитингот во Третата воздухопловна База „Граф Игнатиево“.

Во оваа база околу пладне се случи инцидент кога воен авион за обука падна во текот на лет. Поради инцидентот за кој се уште официјално не се соопштува дали има жртви, но се стравува дека загинале двајцата пилоти, засега е неизвесно присуството на бугарскиот претседател Румен Радев на вечерашниот оперски спектакл „Набуко“ на Џузепе Верди во изведба на гостите од Скопје – Национална опера и балет на сцената на Софиската опера и балет.

Во претседателската вила на Радев, претседателката Сиљановска Давкова пристигна со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и со министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Најчитано