Вработените на ЈСП повторно не добиле плата, која според законот најдоцна на сметките треба да им легне до 15-ти месецов.
Вработените најавуваат блокади на крстосници во главниот град доколку не ги добијат нивните плати.
Се жалат на притисоци од раководството на претпријатието, од каде до овој момент не се огласиле за предупредувачката прес-конференција на СПАЈС.