Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Почна штипската „Пастрмалијада“ со сечење на џиновската пастрмајлија

Со сечење на џиновската пастрамајлија и официјално денеска се отвори манифестацијата штипска „Пастрмалијада“, а воедно денеска се пушти во употреба и прво шеталиште во Штип, на улицата „Ванчо Прќе“. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ги покани граѓаните да уживаат во добрата музика овие два дена и да го вкусат штипскиот специјалитет.

-Имаме еден нов изглед на една улица која досега беше сообраќајница, а денес веќе е пуштена во употреба како шеталиште. Општината издвои 11 милиони денари за поплочување на оваа улица, претходно се работеше на прилагодување на сообраќајните решенија. Штип го менува изгледот инфраструктурно, сообраќајно, визуелно благодарение и на централната власт, изјави Јорданов.

Овогодинешната „Пастрмалијада“ е со нов концепт, нова локација и со цел да се врати традицијата и суштина на манифестацијата со настани за сите генерации

Најново