Поранешниот претседател Стево Пендаровски се откажа од дел од државните бенефиции како што и како што најави не зема претседателска пензија, но тој рече не се откажува од канцеларија која му е потребна за време на средбите со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции. Сепак нејасна е потребата на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ која преку партиско соопштение и пресконференција да ја манипулира јавноста дека Пендаровски рекол дека нема да користи канцеларија.
– Кaко поранешен претседател, Пендаровски нема да ја користи државната пензија која му следува по закон, затоа што веќе се врати на својата академска кариера како професор на Универзитетот Американ Колеџ во Скопје, потврдија од неговиот тим на 14 мај
Од неговиот кабинет исто така најавија дека Пендаровски ќе користи и канцеларија со тројца вработени од неговиот поранешен кабинет.
-Во однос на административната и логистичка поддршка која му е потребна за средбите со поранешни и актуелни државници и за учество на меѓународни конференции претседателот Пендаровски побара од државните институции повремено да користи канцеларија, но бидејќи таква пракса и законски основ не постои, Пендаровски во иднина ќе го искористи правото да отвори канцеларија, каде што тројца од сегашните вработени во Кабинетот, ќе бидат ангажирани во поддршка на тие активности на поранешниот претседател, соопштија тогаш од кабинетот.
Сепак од во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека Пендаровски ги излажал граѓаните дека не сака да отвора канцеларија на претседателот.
Според Законот за правата на претседателот и неговото семејство Пендаровски би можел да користи низа бенефиции како пензија и канцелариски простор со најмногу до тројца стручни соработници, право на лично обезбедување, како и користење на службено возило и возач. Ваквите права ги користат поранешните претседатели Ѓорге Иванов и Бранко Црвенковски.