Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Есенската кошница на Владата – Многу врева за намалување од 5 до 10 денари

Прво ја чекаа одлуката на министерството за економија, потоа, на владата, а сега граѓаните ќе чекаат објава на есенската кошничка во Службен весник каде за да стапи на сила треба да биде објавена владината одлука со која се ограничува бруто профитната маржа на дел од основните прехранбени производи.

Сепак иако според одлуката е дека ќе се намали маржата до 10 отсто и во трговијата на големо и трговијата на мало, трговците имаат простор да доставуваат нови ценовници, а во меѓувреме цените станаа превисоки.

Поскапе буквално се, чоколадите, кафето, кексите, некои хемиски производи, а цените на овошјето и зеленчукот уриваат рекорди.

Сепак трговците велат да не се очекува ништо спектакуларно бидејќи се крева врева за намалување од 5 или 10 денари.

Според нив очекувањата се дека ценовниците ќе бидат пиши-бриши , системите ќе треба постојано да се ажурираат, ќе треба внимателно да се усогласуваат цените на рафтовите со оние во касите – брифираат трговците за нашиот весник.

Граѓаните не се воодушевени од новите владини мерки, иако за најголемиот дел од нив секој денар е битен.

-Нашите проценки се дека со стапување на сила на оваа одлука трошоците за храна и безалкохолни пијалоци ќе се намалат во просек за околу 10 отсто, со што ќе се намалат и трошоците за живот во потрошувачката кошница за групата храна и пијалоци – гордо истакна министерот за трговија и труд Бесар Дурмиши, најавувајќи ја есенската кошница.

Од Организацијата на потрошувачи велта дека секогаш се за намалување на маржите, особено со ова енормно покачување на цените, иако смеат дека е тоа краткотрајна мерка, одноно дека се потребни подолготрајни мерки. Од ОПМ додаваат дека во меѓувреме, ред со цените треба да стави и Законот за нефер трговски практики кој ќе стапи на сила за околу една недела. Иако потрошувачите не се директно засегнати со него, индиректно ќе бидат заштитени, додаваат од ОПМ.

Ориз, брашно, тестенини, масло, млеко, јогурт, млечни производи, зеленчук, овошје, се на листата со 73 производи во таканаречената есенска потрошувачка кошница. За нив бруто профитната маржа ќе биде ограничена на 10 проценти во трговијата на големо и мало, а во маркетите ќе бидат обележани со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе“, одлучи денеска Владата, на предлог на Министерството за економија и труд.

Одлуката на Владата за ограничување на бруто профитната маржа на дел од основните прехранбени производи ќе стапи во сила наредниот ден по објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, а ќе се применува до 31 октомври годинава.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново