Марин Ле Пен и уште 28 членови на француската десница се обвинети дека во периодот од 2004 до 2016 година проневериле седум милиони евра.
Нивното судење започна денес во Париз, каде што Ле Пен и другите француски десничари се обвинети за незаконско присвојување на средства со лажни вработувања на функционери во Европскиот Парламент.
Според обвинението, Ле Пен и нејзините колеги од партиите „Национален фронт“ и „Национален собир“, користеле средства наменети за плаќање на помошници во Европскиот парламент за да исплаќаат луѓе кои работеле за партијата во Франција. Помеѓу обвинетите е и таткото на Марин Ле Пен, Жан Мари.
Тие се обвинети дека проневериле речиси седум милиони евра, а минатата година Ле Пен на Европскиот Парламент му врати 330 илјади евра. Сепак, од нејзината партија рекоа дека ваквиот потег не е и признавање на делото.
Доколку бидат прогласени за виновни, обвинетите се соочуваат со високи парични казни или до 10 години затвор, но и би можеле да добијат забрана за вршење јавна функција во рок од пет години, што би можело да ја спречи кандидатурата на Ле Пен на следните претседателски избори во 2027 година.