Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Меџити контра Мицкоски, уставните измени ќе се случеле до крајот на годинава

Албанија се одвои од пакетот со Македонија и ќе го отвори првото поглавје во преговорите со Европската унија, премиерот Христијан Мицкоски најави дека уставните измени ќе се случат само доколку Бугарија го ратификува Протоколот за членство на Македонија во ЕУ, а министерот за животна средина Изет Меџити повтори дека уставните измени ќе се спроведат до крајот на оваа година. Тој за КликПлус на ТВ21 изјави дека интензивно работат на придвижување на ова прашање.

Мицкоски пред неколку дена кога ја слушна одлуката на ЕУ ја нагласи својата подготвеност за дијалог, но под строги услови. Тој предлага уставните измени да се спроведат во истиот момент кога Бугарија ќе го ратификува Протоколот за членство на Македонија во ЕУ, што би се случило на крајот од преговорите.

Меџити и тогаш изрази поинаков пристап, велејќи дека Владата ќе го почека официјалниот став околу отворањето на преговарачките кластери со Албанија. Тој нагласи дека решавањето на ова прашање е приоритет за Владата и неговата партија ВРЕДИ.

Венко Филипче, претседателот на СДСМ, жестоко ја критикуваше политиката на актуелната влада, оценувајќи дека раздвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон ЕУ е голем пораз за државата и изрази загриженост во врска со повикот на Мицкоски за нов дијалог со Бугарија, сметајќи дека овој потег би можел да доведе до уште полош договор за Македонија.

Зачлени се на нашиот е-билтен