Пестицидите пиримифос-метил и форматанат кои се забранети во ЕУ се откриени во цвежи пиперки од Албанија, објави европскиот систем за безбедност на храната.
Пиримифос бил 44 пати поголем од дозволената концентрација, а формат десет пати поголем.
Дистрибутер на албанските пиперки била фирма од Италија која требало да ги продава во Словенија и Хрватска.
Нема информации дали штетната пиперка завршила на српскиот и на хрватскиот пазар, пренесуваат хрватските медиуми.
Научните студии покажаа дека пиримифос-метил и форматанат може да предизвикаат инхибиција на холинестеразата кај луѓето. Поради ова, тие можат претерано да го стимулираат нервниот систем, предизвикувајќи гадење, вртоглавица, конфузија, а при многу висока изложеност, респираторна парализа и смрт.