Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Божиновска немаше со што да се пофали за 100 дена работење, па замина на конференција во Струга

Министерката за енергетика Сања Божиновска рече дека ќе се справува со корупцијата, но и дека ќе се стреми кон енергетска независност. Се смени раководството во ЕСМ и во МЕПСО и вети дека ќе се стреми кон домаќинско работење, но и поголемо енергетско производство.

Сепак таа наместо прес за отчет за сработеното за 100 дена, замина на конференција во Струга, „Енергетика 2024“, што од денеска до петок се одржува во Струга во организација на Здружението на енергетичарите на Македонија (ЗЕМАК), каде заклучи дека одржливиот развој во енергетскиот сектор не подразбира само усвојување на технологии за чиста енергија, туку и промовирање на енергетската ефикасност и намалување на нашата вкупна потрошувачка на енергија.

Но колку домаќински се работи покажува токму претпријатието Електростопанство на Македонија , кое и овој месец купува струја, поточно објави оглас за набавка на 45. 600 мегават часови електрична енергија за период од само две недели.

Ова не е прва набавка на ЕСМ, претпријатието за 45 дена односно за септемеври и половина октомври државните електрани вкупно за набавка на електрична енергија потрошиле близу 10 милиони евра.

Ако се погледне извештајот на МЕПСО, во текот на целата мината година ЕСМ за набавка на струја потрошиле над 12 милиони евра, а сега сумата веќе достигнува 10 милиони евра за месец ипол.

Прогнозите на HUDX се дека цената за мегават во октомври ќе биде околу 90, a во ноември и декември нешто над 100 евра. Во пикот на потрошувачката пак ќе достигне и до 135 евра за мегават час.

Зачлени се на нашиот е-билтен