Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Што сработе Божиновска за три месеци? Во ноември ќе се знае дали ќе поскапи струјата

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, најави дека во следните седум дена ќе се подготвува енергетскиот биланс на државата. Оваа анализа ќе даде точна слика за количината на електрична енергија која ќе недостасува, како и за идните потреби за набавка. Според Божиновска, планот е да се набавува електрична енергија на подолгорочен рок, бидејќи купувањето недела по недела е премногу скапо.

Таа вели дека капацитетите во РЕК Битола не се во најдобра кондиција и не можеме да сметаме на сите три блока, па ќе се набавува струја за четвртиот квартал и евентуално за првите три месеци од 2025 година.

– Тоа зависи исто така и од хидрометеорологијата. Моментално исполнетоста во акумулациите е само околу 24 проценти што воопшто не е во ред, меѓутоа ако е ноември дождлив може да се наполнат, рече Божиновска.

На новинарско прашање дали и за колку ќе поскапи струјата од 1 јануари, објасни дека не зависело од министеството туку од повеќе импути, меѓу кои и цената на електрична енергија од ЕСМ.

– Ќе работиме за најдобар интерес за граѓаните. Никој не би сакал да види поскапување на електричната цена, меѓутоа тука влегуваат и трошоците од МЕПСО, значи не е само цената на ЕСМ. Ние ќе ја дискутираме цената и ќе видиме колку проценти ќе се понудат, така што во ноември би требало да се разјаснат овие работи. Има време уште за тоа, вели Божиновска.

Инаку ЕСМ инатата недела повторено потроши над 4 милиони евра за набавка на струја и тоа за период од само две недели. Се бараaт 45. 600 мегават часови електрична енергија. Милионите ќе завршат во касата на пет фирми трговци со струја.

Најмногу ќе се офајди односно половина од вкупната сума ќе оди во џебот на компанијата ГЕНИ, ПРОДАЖБА НА ЕНЕРГИЈА ДООЕЛ, на која ЕСМ за купената струја ќе и плати речиси 2 милиони евра.

Останатите пари ќе ги поделат други четири трговци. Oд ЕСМ за Телма тврдат дека набавките биле планирани.

Набавката на електрична енергија, ќе му овозможи на ЕСМ АД да ги реализира плановите за подобрување на затекнатата состојба во рудниците и хидроакумулациите, како и да се извршат потребни сервисни активности на дел од постројките. Со тоа ќе се овозможи континуирано производство на електрична енергија во наредниот период, особено во текот на претстојната грејна сезона, пишува во одговорот од ЕСМ.

Ова не е прва набавка од 4 милиони евра. И претходно ЕСМ купи струја за оваа сума. Од резултатите од страницата на ЕСМ Продажба, може да се види дека за 45 дена односно за септмеври и половина октомври државните електрани вкупно за набавка на електрична енергија потрошиле близу 10 милиони евра.

Само за споредба според извештајот на МЕПСО, ЕСМ во текот на целата мината година за набавка на струја потрошиле над 12 милиони евра, па по ова изгледа оваа сума годинава лесно ќе биде надмината.

Она што загрижува е тоа што следуваат поладни месеци во кои температурите можат да се спуштат длабоко под нулата, а потрошувачката расте.

Прогнозите на ХУДЕКС се дека цената за мегават во октомври ќе биде околу 90, a во ноември и декември нешто над 100 евра. Во пикот на потрошувачката пак ќе достигне и до 135 евра за мегават. ЕСМ се најде и на врвот на листата на загуби на министерството за финансии. Во вториот квартал годинава минусот во компанијата изнесува 27 милиони евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново