Дете на шест годишна возраст починало во Гостивар на фудбалски тренинг. На детето му се слошило за време на тренингот, па со возило на брза помош било однесено во Општата болница во Гостивар, каде што пристигнало без знаци на живот.
Како што потврди МВР, после 20 часот било однесено во болницата, но без знаци на живот.
„На 03.10.2024 во 20.22 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот“, известија од МВР.
Лекарите се обидувало да го реанимираат, меѓутоа на крајот можеле да констатираат само смрт.