Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јакимовски и Јаневска се караат за парното во училиштата во Карпош – учениците мрзнат

Министерката за образование и наука Весна Јаневска очекува сите училишта во Скопје да имаат парно греење и вели дека доколку Стевчо Јакимовски има некакви дополнителни барања треба да се обрати таму каде што треба, а не до МОН. Тој пак и возврати дека се јавува доброволно да оди на часови кај министерката да и објасни како да ги менаџира парите.

-Не знам дали министерката го чита законот, не знам дали и е доволно познато дека сите обврски за функционирање на училиштата, а тоа значи за електрична енергија, за водоснабдување, за затоплување, за сите други трошоци за тековно инвестиционо одржување надлежно си е Министерството за образование. Тоа што Министерството за образование не си предвидело доволно пари во буџетот за училиштата на Карпош е исклучиво одговорност на министерката за образование, вели Јакимовски, пренесува „Слободен печат“ испровоциран од изјавата на Јаневска дека дека градоначаникот кој е многу способен, ќе најде начин да ги затопли училиштата“.

Јакимовски вели дека овде не станува збор за снаоѓање, туку е потребно министерот за образование да си ги обезбеди пари за да можат децата во училиштата во Карпош да имаат нормално затоплување како што имаат сите деца во светот.

Јакимовски вчера изјави дека ЕСМ нема да испорачува топлинска енергија во училиштата поради долгот што Општината го има кон компанијата. Тој ја повика Владата да ги обезбеди средствата за долгот кој изнесува 8 300.000 денари и да го плати затоа што, како што рече, локалната самоуправа не е должна да го прави тоа.

Од „ЕСМ – снабдување со топлина“ вчера информираа дека грејната сезона почнува на 15 октомви, но во училиштата во Карпош ќе почне на 1 ноември и оти тоа е на барање на Општината.

Зачлени се на нашиот е-билтен