Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Подобро да се чува културното наследство во земјава, укажува ЕК во Годишниот извештај

Во Годишниот извештај за напредокот на државава во делот за културата Европската комисија го наведува одложувањето да се усвојат измени на националното законодавство за култура – новата национална стратегија за 2023-2027 година за развој на културата и заштита на културното наследство.

ЕК укажува дека „културното наследство на земјата треба подобро да се чува“ и треба да се разгледаат натамошни напори за зајакнување на институционалниот одговор и меѓуинституционалната соработка за заштита на местата на културно наследство, како што е Старата скопска чаршија.

-Министерството за култура треба да ги зајакне капацитетите за заштита и промоција на различноста на културните изрази во земјата, вклучително и наследството. Извештајот на Државниот завод за ревизија ја откри потребата од зајакнување на правниот и оперативниот систем на Агенцијата за филм на земјата, се наведува во документот.

Зачлени се на нашиот е-билтен