Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повредените во Нови Сад се борат за живот, никој од власта досега не понесе одговорност за несреќата

Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, ја оцени состојбата на повредените во новосадската несреќа како исклучително сериозна. Според него, во саботата биле сослушани 26 лица, а денеска ќе се испитаат уште петмина во врска со инцидентот. Во Војводина денес е втор ден на жалост, а поради трагедијата и во Црна Гора е прогласен Ден на жалост.

Министерот изјави дека од 17-те лица кои се нашле под кровот што се срушил, само тројца преживеале и претрпеле тешки повреди, но се уште се во животна опасност. Едно момче родено во 2006 година останало без нозе до глуждовите, една девојка родена околу 2000 или 2001 година исто така ги загубила нозете, додека на друга девојка ѝ е ампутирана рака, информира Дачиќ за РТС.

Тој истакна дека ќе се утврди кривична и политичка одговорност за одговорните и дека распитите се водат само за прибирање на информации, без приведувања. Додаде и дека истрагата продолжува.

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ, вчера потврди дека дал изјава во Полициската управа во Нови Сад како граѓанин, нагласувајќи дека Министерството ќе соработува со обвинителството за да се утврдат причините за трагедијата.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, синоќа изрази надеж за преживување на тројцата тешко повредени, сместени во Клиничкиот центар Војводина, и нагласи дека ќе се чекаат резултатите од увидот на стручните органи за да се добие целосна слика за несреќата.

Претседателот Александар Вучиќ во своето обраќање до јавноста побара Вишото јавно обвинителство во Нови Сад и Владата на Србија да ги гонат и најстрого да ги казнат одговорните за уривањето на настрешницата.

Зачлени се на нашиот е-билтен