Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Јовановски: Гордана Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да ги објаснат топлите односи со Орбан

Борјан Јовановски

„Многу е важно како ќе настапи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ иако тие велат дека се за ЕУ. Се надевам дека кандидатката за претседател Силјановска нема да се вклопи во овој руски наратив, и да остане дека само Пендаровски работи против таа агенда“, рече Борјан Јовановски на поткастот Политиканти на Слободен печат, осврнувајќи се на рускиот наратив за членството во ЕУ и НАТО.

Тој се осврна на активностите на потпретседателката на ЕК, комесарката Јурова, која од минатата недела е на демократска турнеја, во земјите членки со цел да укаже кои се намерите на руското разузнавање да влијае на процесот на европските избори.

Јовановски потсети и на нејзината изјава дека унгарската влада е платформа на рускиот наратив кој има за цел да го подрие европското единство.

„Гордана Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да објаснат малку подетално во кампањата околу тие многу топли односи со Орбан, кој ја подржува интеграцијата на Македонија во ЕУ, а истовремено работи на зајакнување на рускиот наратив. Влегуваме во една пресвртница кога се случуваат избори и кај нас и во ЕУ, за нов состав на ЕУ парламентот, за ЕК, кои во голема мера ќе ја детерминираат иднината на континентот“, посочи Јовановски.

Од друга страма, Сашо Орданоски додаде дека главниот соработник на опозицијата во Македонија е Орбан, кој најверојатно е главниот руски играч во ЕУ и во НАТО. и дека ако не беше Унгарија во НАТО, таа со тенкови веќе ќе беше во Украина на руска страна.

„Вучиќ доколку би се кандидирал во Македонија на претседателските избори веројатно би влегол во вториот круг лесно, а можеби и би победил, со оглед на тоа колку е Македонија отворена кон сите српски пропаганди, вклучувајќи го и Додик. А нашиот сосед кој не блокира во ЕУ е еден од главните руски играчи“, рече Орданоски

Треба да знаете
Moже да ве интересира