Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Милатовиќ: Регионалните економски интеграции меѓу кои е и Отворен Балкан треба да се подржат и да се работи

Новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска, во интервју за Танјуг на прашањето дали Црна Гора ќе ја разгледа одлуката за приклучување кон Отворен Балкан, изјави дека тоа е нешто со кое треба да се занимава идната влада, што, како што вели, ќе биде резултатот на новото свикување на Парламентот на Црна Гора, јави допсиникот на МИА од Белград.

-Мојот политички став овде е многу јасен. Уште пред да станам министер во Владата на Црна Гора, сега политичар и претседател на Црна Гора, работев многу напорно во професионална смисла на подобрување на регионалната економска интеграција на Западен Балкан и од ЕБОР, каде работев, изјави Милатовиќ.

Тој истакна дека се сеќава дека и Мило Ѓукановиќ присуствувал на оние првични состаноци на кои се создавал Отворен Балкан.

-Во меѓувреме тој го смени политичкиот тон кога станува збор за Отворен Балкан, рече Милатовиќ и оцени дека регионалните економски интеграции се нераскинлив дел од европските интеграции.

„Сè додека наша цел е полноправното членство на Црна Гора во ЕУ, треба паралелно да работиме и на се што е поврзано со подобрување на регионалната економска соработка“, беше јасен Милатовиќ.

Како што кажа, смета дека имало многу несогласувања на Западен Балкан и дека европската иднина на Западен Балкан е „она што не чека сите“.

-Регионалните економски интеграции, без разлика дали се тоа оние што се веќе тука преку договорот за слободна трговија ЦЕФТА или оние што се одвиваат во под покровителство на Берлинскиот процес или оние што започнаа од самите земји од Западен Балкан, како што е Отворен Балкан, сето тоа е од корист за граѓаните и економијата во нашите земји и е нешто на што треба да се поддржи и активно да се работи, рече Милатовиќ.

Тој додаде дека „ѓаволот е во деталите и дека сето тоа треба да се разработи и да се погледа“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа за ТВ Хепи изјави дека одлуката за приклучување на Црна Гора на Отворен Балкан е исклучиво суверено право и одлука на официјална Подгорица.

„Доколку Црна Гора одлучи да влезе на Отворен Балкан, би било добра вест што ќе ја поздравиме, а доколку Црна Гора не одлучи да се приклучи, не треба да очајуваме“, изјави тој и објасни дека Отворен Балкан може да се гледа како дел од Берлинскиот процес, но е поинаку, бидејќи претставниците на трите земји сами ги спроведуваат одлуките без никаков притисок однадвор.

-Што е тука лошо, помалку би се чекало на границите, верувам дека тоа е добро и за граѓаните на Црна Гора, но ќе сочекаме каква и да е одлука донесат, рече Вучиќ.

Тој потсети дека новоизбраниот претседател на Црна Гора, Јаков Милатовиќ во кампањата позитивно се изјаснил за Отворен Балкан, а што се однесува до актуелниот премиер Дритан Абазовиќ, потсети дека повеќепати кажал дека е апсолутно за приклучување на Црна Гора. 

Зачлени се на нашиот е-билтен