Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Основачот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски се превртува во гроб кога слуша од Ѓорчев дека Колишевски бил „најголем Македонец“

За основачот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски, најголем предавник на македонскиот народ, на прво место, бил Лазар Колишевски, пред Михајло Апостолски и Киро Глигоров. Во својата брошура „Обединета Македонија во обединета Европа“, Богдановски дури и ширел омраза со зборовите „Добри комунисти се само мртви комунисти“, а за Колишевски пишувал како за „српски слуга и македонски предавник“.

За Марјан Ѓорчев, пак, поранешен министер и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Лазо Колишевски бил најголем Македонец: „Лазо Колишевски е најголемиот Македонец за мене. Човек што ги избркал Србите од Македонија и им го одзел целиот имот. Тој е погрешно интерпретиран во македонската историја“, вели Ѓорчев.

Оваа нова „ревизија“ на ВМРО-ДПМНЕ во однос на „комуњарите“ ја осведочи и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

Само неколку дена пред гостувањето на Ѓорчев во „Политиканти“, Христијан Мицкоски присуствуваше на промоција на книга за Колишевски, кој во вмровските кругови е познат како „најголем крвник на ВМРО“. Поддршката на Мицкоски на глорификацијата на Колишевски како „една од најзначајните личности од македонската историја“ во која државата доживеала „процут“, наиде на жестоки реакции кај дел од ВМРО-вците, но и кај „левичарите“.

Р. Р.

Треба да знаете
Moже да ве интересира