Пачемски: Во последните децении само ХЕ Козјак и две ветерни електрани во Богданци се изградени со државни средства

Ние имаме една чудна ситуација, ние како држава сме едни од најголемите увозници на енергија, а истовремено сме и едни од најголемите потрошувачи, затоа што како нација, како држава ние не знаеме да штедиме, порача во интервју за Слободен Печат, Гоце Пачемски, новинар и експерт за односи со јавност.

Таквиот однос кон енергијата, смета Пачемски, е поради тоа што енергијата, особено електричната енергија кај нас се уште се гледа третира како социјален производ.

„Електричната енергија децении наназад се третирала како социјален производ, од многу влади, и за тоа постојат реални причини, за да се заштити стнадардот на населението кој е голем потрошувач на електрична енергија во државата. Сега имаме либерализиран пазар, но се уште, еве сега заради енергетската криза, државата значително ја субвенционира цената на електричната енергија за домаќинствата и малите потрошувачи, но цехот мора да се плати, а тој се паќа на еден или на друг начин, во овој случај го плаќаме сите ние преку Буџетот. Ние имаме една чудна ситуација, во исто време сме еден од најголемите увозници на енергија, влучително и на електрична, а во исто време ние сме и едни од најголемите потрошувачи во Европа. Социјалната компонента во цената на струјата придонела, ние да се опуштиме, да трошиме многу и да не штедиме енергија“, посочи тој.

Запрашан за стратешките инвестиции, Пачемски посочи дека за нивна реализација треба време и пари и додаде дека секоја помош од надвор е добредојдена, затоа што како држава сме покажале дека не можеме брзо и ефикасно да изградиме големи енергетски капацитети.

„Сега дојдовме во ситуација кога заради многу причини треба да градиме енергетски објекти, да ги диверзифицираме изворите на енерија, но за то требаат многу пари и подолг временски период од оној што ние го очекуваме како граѓани. Ние мислиме дека тоа може да се направи за една година, што е невозможно. Во такви услови неопходна е сериозна финансиска поддршка. Гледајќи подолог период наназад јас не памтам да сме изградиле некој сериозен енергетски капацитет целосно со државни пари, освен ХЕ Козјак, и мислам и ветерните електрани во Богданци и тоа е се и тоа е многу малку гледано од енергетски апсект“, заклучи Пачемски.

Тој не гледа никаква закана, ако со странски капитал се финансира реализацијата на стратешки инвестиции во енергетиката, додавајќи дека државата ќе продолжи да ги штити крајните потрошувачи

„Имало периоди особено сега во енергетската криза кога државата требала да направи некаква интервенција за да го заштити социјалниот елемент и да заштити нагли зголемувања на цената и тоа државата ќе продолжи да го прави, затоа што енергетскиот систем и областа енергетика е во голем сегмент регулирана област, но ние не можеме да го штитиме пазарот со државни интервенции, мораме да го либерализираме. Што значи либерализација? Значи дека мораме да го отвориме пазарот вклучително и за странски компании и тоа не значи дека странците ќе го окупираат енергетскиот систем, тоа е погрешна теза. Таквиот став мене ми личи на политика или на незнаење. Што ќе направи странецот? Ќе ја земе и ќе ја изнесе надвор електричната централа? Не, таа енергија тука ќе заврши“, посочи Пачемски.

Некои работи во Македонија се дефинирани, постојат стратегии, тие стратегии се добро смислени, во случајов со енергетската стратегија, ние имаме и Национална развојна стратегја, која сега треба да се усвои во парламентот на која работеле вистински експерти, за енергетиката експертите се тие кои треба да го кажат последниот збор, а не политичарите, порача новинарот и експерт за односи со јавност Пачемски.

Според него во Македонија голем дел од проблемите потекнуваат од политичките партии. Тие знаат, рече тој, да ги политизираат сите теми од нашиот живот, но и оваа, енергетиката и да ја банализараат до тој степен за да на крајот, сите тие добри проекти да се закочат

„Пример за тоа е проектот за изградба на хидроелектраната Чебрен. Од технички апсект, работите се сосем јасни, тој проект треба да се изгради, но економиката на тој проект треба да се разгледа, дали ние имаме пари, дали моделот на државна помош односно стратешки инвестиции учество на државата и приватен инвеститор е исплатлив, дали државата многу ќе плати а малку ќе добие. Тоа не би требало да го коментираат луѓе кои разбираат производство на електрична енергија, туки економисти. Кај нас се измешани работите, секој коментира се, вклучувајќи ме и мене тука, но јас го коментирам од аспект на комуникација со јавноста. Јавноста е збунета тотално, затоа што е искривена сликата и темата се политизира. И ние, имаме сериозно добар проект од технички аспект, кој недоволно се анализира од економски апсект и на крај ќе се стави на страна, ќе се чекаат некои други времиња, наводно не било сега време пред избори. Стратешките проекти се политизираат а времето не оди во наша полза, ниту ќе добиеме поевтини и поисплатливи економски модели во иднина за изградба на тие проекти, ниту цената на енергијата ќе се намали, напротив, гледано долгорочно, таа ќе станува се поскапа“, порача Пачемски

Треба да знаете
Moже да ве интересира