Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Заев: „Шарената револуција“ сруши режим со ненасилни методи

„Како политичар, затоа што бев градоначалник и еден од водечките луѓе во најголемата опозициска партија СДУМ се здруживме со граѓански активисти, со обични луѓе, со академска заедница, со неколку независни новинари, затоа што довербата кон политичарите беше многу ниска. Дефиниравме неколку критериуми како ќе постапиме заедно. Договоривме основни критериуми и тоа беше пресудно да се обезбеди основата за издигнување. Прво дека „Шарената револуција“ не е насилно движење, второ, дека целта на движењето е да го собори режимот на Груевски во Македонија“, рече поранешниот премиер Зоран Заев во своето обраќање на конференцијата People Power Academy во организација на невладината организација Канвас.

Тој појасни дека „Шарената револуција“ била партиципативен модел, дека никој нема монопол над движењето.

„И се трудевме да се разбереме и се трудевме да се цениме затоа што имаше голем ризик. Јас лично бев уапсен, многу новинари беа апсени сите овие години и режимот растеше низ годините, а ние го започнавме најголемиот митинг што го гледате овде, најголемиот беше на 17 мај 2015 година, повеќе од 100 илјади луѓе“, истакна Заев.

Тој потсети дека 2008 се инсталираше режим партијата предводена од Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, и појасни дека станува збор за најголемата десно ориентирана партија во Северна Македонија.

„И тој момент беше причина за подготовка на „Шарената револуција“ и дриугите големи граѓанските движења низ целата земја. Тоа беше време кога многу луѓе беа под опасност, новинар беше во затвор, бизнисмен изгуби сопствена компанија, активисти и универзитетски професори беа казнети и ставени во затвор, имаше целосна контрола врз медиумите. Имаше целосна контрола на јавната администрација која патем беше целосно партизирана, имаше целосна контрола на нашата економија“, потенцираше Заев.

Тој додаде дека тогаш немаше слобода, сите се плашеа, и секако сето тоа беше причина да се кренат луѓе и да го за почнат протестот кој со ненасилни средства сруши режим.

Треба да знаете
Moже да ве интересира