Конечно ќе се затвора депонијата Буково

По долгогодишните најави за затворање на депонијата „Буково“, избран е проектант што треба да утврди како, кога и со колку пари ќе се спроведе постапката. Техничката документација се очекува во 2027 година, а регионалниот систем што треба да го преземе управувањето со отпадот е планиран за 2030 година.

Според секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, проектот треба да ги определи фазите, потребните средства и временската рамка за затворање. Засега нема објавен конечен датум кога ќе престане депонирањето на Буково.

Подготовките се дел од заедничкиот систем за Пелагонискиот и Југозападниот регион, кој опфаќа 18 општини. Предвидени се регионален центар со санитарна депонија во Новаци, претоварни станици и општински собирни центри.

За Охрид е предложена претоварна станица во Мауцкер, а собирен центар е планиран на улицата „Железничка“, кај ЈП „Нискоградба“.

Затворањето на Буково е и дел од долгогодишните обврски за заштита на Охридскиот Регион. Во одлуката од 2025 година, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО ги забележува плановите за депонијата во Новаци и затворањето на Буково, но бара да биде информиран пред конечните одлуки за претоварните станици во регионот.

И во одлуката од 2026 година, УНЕСКО предупредува дека напредокот во справувањето со деградацијата на наследството останува ограничен, вклучително и поради доцнењата во управувањето со отпадот и отпадните води.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?